Skip to main content

Самарџиски дел од кошаркарската репрезентација

 Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски, кој беше дел од генерацијата која го освои четвртото место на Европското првенство во 2011 година, е ново име во стручниот штаб на младинската репрезентација до 20 години.


Самарџиски, како што објави КФСМ, од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, што од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава.
Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води.
Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше тренерско искуство, а сега се враќа во македонската кошарка како дел од стручниот тим на младинската репрезентација.

Поврзани вести