
Големото невреме проследено со пороен дожд, град и силни електрични празнења кое попладнево го зафати Скопје, предизвика хаос во gрадот. Улиците се како реки, по коi автомобилите отежнато се движат, а пешаците едвај поминуваат по тротоарите кои се исто така под вода
Затворени од полицијата поради непроодност се голем број подвозници во Скопје. Во правец од Мавровка кон Влада е проодно, но внимателно.
Поплавени се Пластичарка, клучката кај Континентал, неколку поголеми улици во Кисела Вода, кај Бит Пазар, улицата „Јордан Мијалков“….
На дел од поплавените улици има заглавени автомобили.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен по силното невреме кое го зафати главниот град.
Скопскиот градоначалник ги повика граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби за кои истакна дека се на терен.









Македонски


