Skip to main content

Изложба „Mирот почнува со насмевка“ по повод 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

фото: Спомен куќа на Мајка Тереза

По повод 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, денеска во Спомен куќата на Мајка Тереза ќе биде отворена изложбата „Mирот започнува со насмевка“.

Изложбата ја сочинуваат фотографии и инспиративни цитати од Мајка Тереза.

-Изложбата не потсетува дека вистинската љубов и грижа за другиот почнуваат со едноставен гест – насмевка, наведуваат од Спомен куќата на Мајка Тереза.