Skip to main content

Доделувањето на интернационалната награда „Драги“ за првпат се случи во Охрид на XII. македонско-северноамериканска конференција за македонистика

Добитници на наградата се Кристина Е. Крамер и Роли Грау, за преводот од македонски на англиски јазик на книгата „Долго доаѓање на огнот“ од Ацо Шопов.

Грау и Крамер создале превод што на извонреден начин ја спојува поетската инспирација со филолошката прецизност. Критичарите го истакнуваат нивното мајсторство да ја пренесат целата лепеза на поетските изрази на Шопов – од космичките визии на душата до интимната еротика, од документарната острина во набљудувањето на природата до топлината на татковската грижа.

Преводот доживеа импресивна рецепција, јавни презентации во Париз (UNESCO, INALCO), во Македонија (Струшки вечери на поезијата), во Токио, Торонто и други центри, како и бројни рецензии и критики во САД, Канада и Европа, а од страна на EuropeNow беше избран за една од „Омилените книги во превод за 2023 година“. Надвор од доменот на книжевноста, преводот инспирираше современи музички композиции на канадскиот композитор Мајкл Спиров, што претставува ретка и значајна форма на културна рецепција.

Доделувањето на интернационалната награда „Драги“ за првпат се случи во Охрид, во рамки на XII. македонско-северноамериканска конференција за македонистика.

Поврзани вести