
Селекторот на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, режисерот Љупчо Ѓоргиевки ја објави селекцијата за овогодинешното фестивалско издание.
Фестивалското жири ќе биде во состав: Билјана Драгичевиќ – Пројковска – актерка, Иван Додовски – професор и Билјана Ѓуровиќ – професор од Србија. Пројковска е во жирито како минатогодинешен лауерат а во програмата која ќе ја оценува се наоѓаат две претстави во режија на нејзиниот сопруг режисерот Дејан Пројковски.
НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА
1.„БОГ НА КОЛЕЖОТ“ од Јасмина Реза, адаптација и режија Весна Петрушевска – МНТ – Скопје. (копродукција)
- „ЧУДЕСНА ТЕРАПИЈА“ од Даниел Глатауер, режија Димче Николовски – Драмски театар– Скопје.
3.„ЦРНИЛА“ од Коле Чашуле, режија Дејан Пројковски – НУЦК Војдан Чернодрински – Прилеп.
- „ЕДМОНД“ од Дејвид Мамет, режија Оливер Мицевски – Народен Театар Битола.
- „АННА“ од Драгана Лукан Николоски, режија Нина Николиќ – Театар Комедија – Скопје. (копродукција)
- „ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА“ од Ристо Крле, режија Андреј Цветановски – НУЦК Григор Прличев – Охрид.
- „Љубовни писма“ (Love Letters) автор Алберт Рамсдел Гарни
Игор Ангелов и Верица Недеска
МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА
8.„УННА“ од Стеван Копривица (според романот на Момо Капор) режија Дејан Пројковски – Звездара Театар – Белград. Република Србија
- ДРАМСКИ КУКЛЕН ТЕАТАР – СИЛИСТРА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
,,ПОВИК ЗА ЉУБОВ,, од Жозаин Баласко реж. Анастас Попдимитров
Во придружната програма е изложба на фотографии од Ристо Шишков во соработка со Театар Комедија – Скопје како и четири живи фигури – акти поставени низ градот и фоајето.

Македонски



