
Битолски театар го објави официјалниот плакат и програмата на 11. издание на „Битола Шекспир Фестивалот“ кое ќе почне на 14 ноември и ќе трае до 21 ноември 2025 година.
На 14 ноември, 81от роденден на НУ Народен театар Битола ќе го прославиме со свечено отворање на „Битола Шекспир Фестивалот“ и премиера на едно од најизведуваните дела на Шекспир „Макбет“ во режија, на нашиот гостин од Унгарија, Сабо К. Иштван, велат оттаму.