Skip to main content

Вработен во Нискоградба паднал од камион

архива

Вчера во 08.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Крсте Нале” во Битола, од товарно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на КЈП „Нискоградба“ од Битола, кое го управувал вработениот В.Ј.(44) од Битола, паднал Н.С.(55) од Битола, исто така, вработен во претпријатието, кој во моментот се превезувал со возилото.

Н.С. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести