Рано утрово во 05.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод патничко возило „фиат пунто“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(28) од Кичево, излетало надвор од коловозот.
Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката М.С.(19), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник З.Р.(30), двајцата од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.