
Денеска во 01.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, соопшти МВР.
Возачот И.М. бил лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.