Skip to main content

Во 2012 ја закла мајка си во Неготино, сега уби осуденик во Бардовци

Димитар Спасов е лицето кое со стаклено шише усмрти друг осуденик во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел. 

Инциденот се случил 50 минути по полноќ, кога  настанала физичка пресметка помеѓу 35-годишниот Димитар Спасов од Неготино и И.Т.(62) од скопското село Љубанци.

Како што е наведено во полицискиот билтен, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот.

Димитар Спасов е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. 

Убиецот Спасов и е познат на јавноста од 2012 година кога ја уби својата мајка во нивниот стан во центарот на Неготино.

Тогаш тој имал 23-години, а неговата мајка 57-години. Неофицијално, жената имала десетина убоди од нож по вратот, стомакот и градите. Тогаш, во месец јули среде ноќ комуналните работници забележале момче како фрла во контејнер женско тело облеано во крв. Момчето било приведено во полиција и, наводно, признало што направило. Неофицијално се дознава дека убиството било извршено со сабјарка. Димитар тогаш бил студент на Факултетот за физичка култура во Скопје, а вежбал и кикбокс. Мајка му била хигиеничарка во здравствен дом, а татко му бил стоматолог, но починал неколку години пред убиството.

Тогаш, како што пренесуваа медиумите, синот монструм се пофалил и на социјалната мрежа Фејсбук дека ја убил мајка си. 

Поврзани вести