Skip to main content

Вкупно 29 пожари на отворено изминатите 24 часа, два сè уште активни

ДЗС

Во државава изминатите 24 часа евидентирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи до 6:30 часот утрово.

Активни се пожарите во општините Македонски Брод и Јегуновце. Во „Јасен“ гори мешана шума, а помеѓу селата Рогачево и Јажинце опожарени се пасишта.

Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и Грешница во општина Македонски Брод, каде опожарена е ниска вегетација.