Skip to main content

Уште едно видео на кое толпа тепа девојче споделено на интернет, овојпат од Куманово

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, овојпат од Куманово. На снимката објавена од „Слободен печат“ се гледа како девојче е физички нападнато од повеќе врснички, кои ѝ удираат шлаканици и клоци, ја влечат за коса и ја туркаат кон ѕид, додека целиот инцидент се снима. Снимката првично била споделена на социјалната мрежа „Снепчет“ со со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Настанот се случил пред околу еден месец, но дури деновиве е пријавен во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Куманово, во координација со Основното јавно обвинителство, презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Поврзани вести