Skip to main content

Меџити најави Меѓународен музички фестивал „Чаршија“, под уметничко раководство на Инва Мула и Дешира Ахмети

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, најави дека Чаир ќе добие нова значајна културна манифестација – првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, кој има амбиција да прерасне во традиционален настан и да го постави Скопје уште посилно на културната мапа на регионот.

Фестивалот ќе се одржи од 23 до 26 јули, а локациите Сули Ан и Куршумли Ан ќе бидат претворени во сцени каде класичната музика ќе се спои со богатото наследство на Старата скопска чаршија.

Под уметничко раководство на Инва Мула и Дешира Ахмети, настанот ќе собере реномирани домашни и меѓународни уметници, со што, според Меџити, Скопје ќе добие уште една значајна културна содржина.

Нашата амбиција не е само да организираме фестивал. Нашата амбиција е да создадеме традиција и културна институција која ќе расте со секое издание, ќе привлекува уметници од целиот свет и ќе го направи Скопје важна точка за класичната музика во регионот“, порача Меџити.

Тој нагласи дека вложувањето во културата претставува вложување во идентитетот и наследството што градовите им го оставаат на идните генерации.

Поврзани вести