Skip to main content

Уапсен малолетник од Порој кој возел во спротивен правец, па се залетал и удрил во полициското „јети“

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во Тетово лишија од слобода 17-годишник од с.Порој, тетовско.

Како што соопштуваат од тетовската полиција, во периодот од 03:00 до 04:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчевски“ во Тетово,
полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока.

Возачот не застанал на даден знак за запирање, туку со голема брзина го свртел возилото и продолжил да бега низ повеќе тетовски улици.

Притоа, на паркинг простор на ул.„Илинденска“ со службено возило „шкода јети“ му бил попречен патот, по што свртел и удрил во службеното возило. По извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор, возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна приајва, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести