Skip to main content

Уапсен 60-годишник кој возел со 2,61 промили алкохол во крвта

Вчера во 20.00 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Б.(60) од с.Пискупштина, струшко.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести