
На 23.09.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Р.Турција, а откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало, информира МВР.
Повредениот околу 19:30 часот починал, а лекар констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.