Skip to main content

Тројца турски студенти нападнаа и ограбија таксист сред Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројцата од Република Турција- студенти со регулиран привремен престој во Македонија, поради сторено кривично дело „разбојништво“.

На 03.05.2025 во 23.40 часот во СВР Скопје И.Р.К.(54) од Скопје пријави дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, физички го нападнале, а еден од нив му одзел мобилен телефон, по што се дале во бегство. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје преземаа соодветни мерки и активности и трите лица се пронајдени и лишени од слобода, а пронајден е и телефонот и вратен на сопственикот, соопшти МВР, додавајќу дека против О.А.Б., К.И. и Е.Х.Б. до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.237 ст.4 од КЗ.

Поврзани вести