Skip to main content

Тројца работници затрупани при ископ на градилиште во Кисела Вода

Тројца работници се затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со крици (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, соопшти МВР.

Поврзани вести