Skip to main content

Oхрид утре ќе грми, се игра полуфинале на Европскиот куп

Ракометарите на македонскиот преставник во ЕХФ Европскиот Куп ГРК Охрид со максимален учинок стигнаа до полуфиналето на европското натпреварување. Охриѓани на осумте дуели постигнаа осум победи. Но ривалот во полуфиналето е име за респект поранешен европски шампион Цеље Пивоварна Лашко.

–   Се истрошувме во Купот и во финалето против Вардар, но немавме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал и дуелот со Цеље на гостински терен. Се надеваме на победа, а ние ќе дадеме се од себе. Нема да биде воопшто лесно, тие се сериозна екипа. Ние ќе одиме на победа и добро е што ќе имаме поддршка од нашите навивачи и на гости и се надевам дека ќе ги израдуваме, изјави Дарко Ѓукиќ.

Првиот полуфинален натпревар од Европскиот куп се игра во Цеље во сабота (утре) со почеток во 18 часот.

Поврзани вести