
Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона Ламин Јамал се здоби со повреда на последниот првенствен натпревар за Барселона во средата против Селта. Според тежината на повредата за него сезонава е завршена, а младиот фудбалер на социјалната мрежа Инстаграм напиша:
„Поради повредата морам да направам пауза во момент кога најмногу сакав да сум на теренот. Не боли тоа што не можам да им помогнам на соиграчите. Но, ќе бидам тука до нив, покрај теренот, ќе ги бодрам. Ова не е крај, само пауза и ќе се вратам посилен и новата сезона ќе биде подобра. Ви благодарам на сите за пораките, да живее Барселона“.
Барселона е на чекор до титулата во Шпанија, а се очекува Јамал да биде подготвен за настап за шпанската репрезентација на Светското првенств

Македонски



