Skip to main content

Извлечени се двајца затрупани работници од градилиштето во Кисела вода и пренесени на Клиника, се работи на вадење и на третото лице

Тројца работници утрово биле затрупани со земја при ископ на темели на градилиште во Скопје, од кои двајца се извадени и пренесени на скопските клиники, а се работи на вадење и на третото лице, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Денеска во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, велат од МВР.

Поврзани вести