Skip to main content

Татко три години физички и психички ги малтретирал своите малолетни деца

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 42-годишен скопјанец по пријава дека подолг период физички и психички ги малтретирал своите малолетни деца.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 јули 2026 година, во 21:10 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил повикан на службен разговор М.И. (42) од Скопје, откако неговата поранешна 36-годишна сопруга пријавила дека во периодот од 2023 година до 3 јули 2026 година тој физички и психички ги малтретирал нивните малолетни деца.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести