
Двете лица кои беа заглавени во Мавровското Езеро се успешно извлечени, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Во акцијата учествуваше и полициски хеликоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“, кој пристигна на брегот подготвен за итна интервенција. Спасувачкиот тим со чамец веднаш се упати кон загрозените лица кои се потпираа на својот превртен чамец.
Во меѓувреме, според информациите, двете лица успеале да го вратат чамецот во нормална позиција и повторно да влезат во него, но сепак, останаа во водата сè додека спасувачкиот тим не ги извлече на безбедно.
Акцијата заврши успешно, а службите покажаа координираност и ефикасност во справување со вакви итни ситуации.