Skip to main content

Сообраќајка на автопатот Скопје–Велес кај Петровец

Вечерва на автопатот Скопје–Велес, кај Петровец се случи сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, едно патничко возило излетало од коловозот и удрило во заштитната ограда (банкина).

На местото на настанот веднаш интервенирале екипи на Брза помош, полицијата и противпожарната служба.

Поради интервенцијата и увидот, сообраќајот се одвивал забавено, со краткотрајни застои во движењето на возилата, но истиот не е блокиран односно се пропуштаат возила.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи се очекуваат детали за причините за несреќата и за состојбата на учесниците во сообраќајот.

Поврзани вести