
Утрово во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.
По насоки на јавен обвинител возачот Г.Д. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.