Skip to main content

Се бара притвор за раководителот на урбанизам во Маврово осомничен за мито

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше. Го сомничи дека како раководно службено лице од почетокот на годинава во повеќе наврати директно побарал и примил поголема имотна корист за себе и за трети лица. 

Осомничениот во два наврата директно побарал од подносител на барање паричен износ од 16.000 евра, а потоа износот во натамошните средби со оштетениот го намалил на 13.000 евра. Дел од парите наводно биле за другите службеници вклучени во управната постапка за да одлучат во побрз рок. Со оглед дека било договорено парите етапно да бидат исплаќани како што ќе се одвива управната постапка, осомничениот за првото дејствие побарал износ од 4.400 евра. На договорената средба оштетениот му дал 2.000 евра, кои осомничениот ги примил и бил фатен од страна на полициските службеници. Јавен обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи да биде орпеделена мерка притвор на осомничениот во траење од 30 дена.

Поврзани вести