Skip to main content

Претрес во Тетово: Пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

МВР

На 16.09.2025 во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(60) и 30-годишната С.С., двајцата од Тетово.

При претрес во домот и помошни простории во Тетово, каде Ф.Н. престојувал заедно со С.С., извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ќеса со околу 130 грама бела прашкаста материја, најверојатно кокаин.

Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести