
Обвинителот Борче Јанев во читањето на обвинението за пожарот рече дека ваква трагедија не се памети и дека има и конкретни виновници, но и такви што овозможиле да дојде до трагичниот настан. Тој во обраќањето посочи дека Владимир Блажев-Панчо на настап на групата ДНК придонесол за пиротехниката која го запалила објектот кој бил небебеден и надвор од сите стандарди. Обвинителот посочи дека искрата од пиротехниката се само завршен чин на оваа трагедија.
Кој дозволил влез без излези. Злодело е постоење на овој објект толку години“, смета обвинителот.
Тој го посочи сопственкот Дејан Јованов-Деко како еден од највиновните кој добро знаел на која врата да тропне иако знаел дека објектотот.
Министерот Ваљон Сарачини ја потпишал првата лиценца за работа на дискотеката“, откри Јанев.
Желбата на Јованов да плаќа помалку за кабаре отколку за дискотека била исполнета . Обвинителот тврди дека обвинетите ниту еднаш не го провериле објектот по службена должност.
Во овој настан нема случајности туку непостапување. Претходникот го учел следбеникот на непостапување.Текот на настаните е непрекинат се до трагичниот настан.Немаме прво одговорноста да ја насочиме само кон оние кои биле во време кога се случило делото. Во објектот немало аларм за пожар, и само еден единствен излез. Отсекогаш оваа дискотека работела надвор од сите стандарди.
На Дејан Јованов опасноста му била добро позната при настапот на ДНК кој бил договорен со Блажен. Ваква пиротехника била употребувана и на други настапи на групата. Во објектотот имало над 600 лица меѓу кои и деца. Кога започнал настапот дискотеката објектот бил преполн. Пожарот настанот за време на песната „Што сака нека биде“ кога Мартин со далечинско ги активирал т.н пиротехнички фонтани.

Македонски








