
Денеска во 13.54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје патничко возило „цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на настанот.
Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот, информираат од МВР.