
Министерството за внатрешни работи спроведува нова акција чија цел е нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата.Денес има зголемено присуство на полицијата во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово.
Неoфицијално, aкцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации домови, возила, лични претреси, како и службени простории на МВР, вклучително и канцеларијата за странци зградата на Македонска телевизија, а се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема.
Очигледна е решителноста на полицијата да го воспостави редот и да сузбива разни облици на организиран криминал кој длабоко е вкоренет во администрацијата на секое можно ниво.