Skip to main content

Наставник нападнал ученик

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против наставник во подрачното училиште во село Новак, кое функционира во рамки на основното општинско училиштето „Неџати Зекерија“ во село Коџаџик, општина Центар Жупа.

Кривична пријава е поднесена против И.У.(37) од селото Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Малтретирање во вршење на службата“, вработен како наставник во училиште во општината. На 13.02.2025 пријавениот физички нападнал малолетен ученик во училиштето, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Поврзани вести