Skip to main content

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Ресен

На 17.11.2025 во 13:05 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ленинова“ со ул.„11 Октомври“ во Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ управуван од А.Ф.(19) од с.Покрвеник, ресенско и патничко возило „цитроен“ со ресенски регистарски ознаки управувано од 28-годишната С.Р. од с.Дрмени, ресенско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

Поврзани вести