Skip to main content

Маж двапати уапсен на Галичка свадба

Полициски службеници од Полициското одделение Маврово вчера наутро во 10:45 го привеле Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој, како што соопштува СВР Тетово, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во с. Галичник, за време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“.

Истиот ден во 20:40 часот, на ул. „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар, повторно го приведоа Ѓ.Р. затоа што го нарушувал јавниот ред и мир. По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 1,75 промили алкохол во крвта. По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

Поврзани вести