Skip to main content

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2.037.700 денари

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во село Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Според МВР, пријавените, како концесионери на Шумско-стопанската единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1.500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво. Освен тоа, противправно се исечени и однесени 291,19 метри кубни без приложени приемници за сеча и дотур, со што е остварена противправна имотна корист во висина од 653.228 денари по редовен ценовник или 2.037.700 денари по оштетовен ценовник.

Поврзани вести