Skip to main content

Безживотно тело на девојка пронајдено во Tетово, Обвинителството врши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на девојка , како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала, соопштија во Јавното обвинителство.

Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело“, велат оттаму.

Сепак, додаваат во Обвинителството, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините.

Поврзани вести