Skip to main content

„Безбеден град“ вчера регистрирал 650 прекршоци

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци.

Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци.

При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава, велат од МВР.

Поврзани вести