Skip to main content

13-годишно девојче заврши во болница претепано од нејзините татко и брат

Утрово во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од село радовишко, а по претходна пријава на лекар од Итна медицинска помош Радовиш дека кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесетгодишна малолетничка од радовишко, која имала повреди на телото коишто по нејзино кажување ѝ биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А.

За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот. Извршен е разговор со малолетничката од страна на вработен во Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести