Skip to main content

Заради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ

Заради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив, од страна на буџетот. Во однос на усогласувањето на пензиите, веќе кажавме дека во септември, ние го вративме на сила и така беше предвидено со старото законско решение, ќе продолжиме со истото и ќе имаме покачување, чекаме да заврши месецот и да видиме колку ќе бидат точно пресметките за покачувањето на пензиите до крајот на годината, одговори таа на новинарски прашања, на прес-конференцијата што денеска ја одржа во Медија центарот на Владата прашана околу милијардата денари за ПИОМ, дополнително што ќе се дадат со ребалансот на буџетот.

Поврзани вести