
Скопскиот вински салон – Винодонија, во овогодинешното издание ќе понуди вертикална дегустација на архивски примероци од виното „Cuvée de Prestige“ од винаријата Камник.
Тоа ќе биде уште една ексклузивна претстава во режија на најпрестижната македонска винарија – Камник, што ќе се најде на овогодинешниот репертоар на Винодонија.
Уникатна можност да пробате осум одлично зачувани вина од скапоцената архива на Камник од најдобрите берби назад низ годините, што ќе се служат во различни големини на шишиња, од стандардни 0.75 л. па се до Magnum и Jeroboam (Double Magnum) формати.
Нивниот сомелиер Јане Неданоски ќе нè води назад низ времето на најуспешните берби и ќе ни објасни како разликите во климата и квалитетот на грозјето влијаеле на стилот на нивното повеќепати наградувано „Cuvée de Prestige“.
На крајот, останува на вас да одлучите – која берба е ваш фаворит?“, велат од Винодонија.
Предавач на овој настан ќе биде сомелиерот Јане Неданоски, а дегустацијата ќе се одржи в недела, 21 декември, со почеток од 16 часот во хотелот Мериот во Скопје во Сала за средби Д (прв кат).
Картите се во ограничен број и може да ги набавите на следниот ЛИНК.

Македонски






