Skip to main content

Трипуновски: Од доставени 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари

Freepik

Секое ветување кое што го дадовме во изминатиот период, работиме за негово целосно реализирање. На крајот од минатата 2024-та година беа распишани 5 јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 и над 3 хектари, едниот повик ги опфати површините со насади со што се овозможува легализација на насадите кои ги имаат подигнато земјоделците, истакна на денешната прес конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Со распределбата и легализација на насадите, ќе се овозможи на сопствениците да склучат договор со Министерството и ќе се стави ред во користењето на земјоделското земјиште во државна сопственост.

До Министерството изминатиот период пристигнаа околу 1.600 понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, и 220 понуди за легализација на земјиште над кое има подигнато долгогодишни насади. Овие бројки се доказ дека јавните повици предизвикаа голема заинтересираност кај земјоделците.

Можам слободно да кажам дека имаме успешно спроведени јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште.

Јавните повици се спроведени без можност за било каква селективност, и да напоменам спроведени се за сите региони од нашата држава, односно опфатено е сето слободно земјоделско земјиште надвор од градежниот реон на општините.

Комисиите напорно работеа за да ги разгледаат сите понуди кои што беа пристигнаа до Министерството. Дел од договорите веќе се доставени до подрачните единици на Министерството за да ги потпишат земјоделците и за краток период истите ќе бидат врачени до сите оние кои што добиле договор за користење на земјоделско земјиште – истакна Трипуновски.

Од вкупно 1.600 понуди кои што беа доставени до Министерството, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари. А, за повикот за легализација на насадите од 220 понуди кои што пристигнаа до Министерството, донесени се 160 одлуки за избор со вкупна површина од 380 хектари.

Во претстојниот период ќе распишеме нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште се со цел да се стави во функција преостанатото земјоделско земјиште на земјоделците и да создадеме услови секој еден граѓанин кој што е заинтересиран да се вклучи во произведството на храна. А, со тоа отвораме нови можности за младите, за сточарите, за сите заинтересирани да се занимаваат со земјоделство. Земјоделското земјиште е основата на земјоделското производство, секоја педа од земјоделско земјиште во државна сопственост ќе биде транспарентно распределена на секој кој што сака да ја искористи оваа можност и да се вклучи во процесот на производство на храна – рече Трипуновски.

Поврзани вести