
Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто домашниот производ, истакна премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по Германско-макеоднскиот самит во Скопје.
Мицкоски посочи дека Владата прави многу повеќе од нашите моментални можности, имајќи ја предвид, какомшто посочи, испразнетата и ограбена државна каса која е резултат на некои минати времиња.
-Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто домашниот производ, и добро би било за се да сме вака во Европа како што сме во мерките, ние би биле во многу поинаква состојба отколку што сме, но за жал не сме. Но ние како Влада правиме многу повеќе од нашите моментални можности, имајќи ја предвид испразнетата и ограбена државна каса која е резултат на некои минати времиња, истакна Мицкоски.
Македонскиот премиер потсети дека инфлацијата во земјава е во рамки на владините очекувања и идентична со државите во регионот.
Моите очекувања се како што се резултатите во регионот. Бугарија има инфлација од над 6 проценти, еврозоната е над 3 проценти, Хрватска е околу 6 проценти, слично е во Грција, и во рамките од тие 5 до 6 проценти очекувам да биде годишната инфлација. Минатата година во месец април имавме Велигденска кошничка, основата со која се споредува е таква, но она што е важно е дека основните прехранбени производи на месечната стапка на промена е помала е од вкупната инфлација, а најголемите отстапувања се во делот на транспортните услуги, посебно билетите за нискобуџетните авиокомпании, очекувам со намалување на цената на нафтата и нафтените деривати и тој дел од пазарот да се смири, нагласи Мицкоски.
Според премиерот Христијан Мицкоски, денешниот Самит е додадена вредност во односите меѓу македонската и германската бизнис заедница, и како што рече -Германија за нас не е само бизнис партнер, таа е стратешки партнер.
-Ние сакаме да се профилираме како Влада која што е секогаш во насока на поддршка бизнисот и на додадената вредност и тие резултати се гледаат многу јасно во првиот квартал од оваа година, нешто што за нас претставува исклучително и значајно во услови на светски предизвици. Во услови на геополитички предизвици ние успеваме три и пол пати побргу да растеме во делот на извозот отколку во увозот и на тој начин минусот на трговската сметка извоз-увоз, генерално во првиот квартал, спредена со првиот квартал од минатата година е намален за околу 55-56 милиони евра со исклучително поволен месец март, а тоа е потврда на политиките што ги водиме и тоа во услови на најголемата енергетска криза која во последниве 50 години го зафати човештвото. Цениме дека Германија за нас не е само бизнис партнер, таа е стратешки партнер. Германските компании вработуваат илјадници македонски граѓани, тие се солидна поддршка за нашата домашна македонска економија и ние како Влада ќе сториме се да помогнеме во таа насока за да имаме уште поголема билатерална економска соработка која во првиот квартал расте, расте извозот од нашата земја кон Германија и тоа не прави горди, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски

Македонски




