
Премиерот на Владата, Христојан Мицкоски присуствуваше на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција, што е стратешки енергетски проект од големо национално и регионално значење.
Денес отпочнуваме со уште една капителена инвестиција за државта. Денес не го поставуваме само почетокот на изградба на еден гасовод, туку го поставуваме почетокот на еден нов енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас. Она не е само инвестиција во цевки и бетон туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава. Во нејзиниот целокупен економски развој и во најзината просперитетна иднина – изјави Мицкоски на настанот со кој беше означен почетокот на изградбата на интерконекторот за пренос на природен гас меѓу Македонија и Грција
Премиерот истакна дека преку реализацијата на овој проект како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останатите наши соседи стануваме значајна енергетска крстосница.
Овој стратешки проект се реализира со поддршка на Европската унија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).