
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека се исплатени 338.468.141 денар на 9.567 овоштари.
Како што информираат од министерството, исплатата е реализирана во согласност со Мерката 1.6 – директни плаќања од обработлива површина за одржување постојни овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да придонесуваме кон одржлив и конкурентен развој на македонското земјоделство“, наведуваат од Министерството.

Македонски



