Skip to main content

Божиновска: Реформската агенда е врвен приоритет, продолжува одговорното и транспарентно спроведување на реформите

Реформската агенда е врвен приоритет на Владата, а Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со одговорно и транспарентно спроведување на реформите во тесна соработка со институциите и меѓународните чинители, порача министерката Сања Божиновска на денешниот состанок на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг мисијата на земјата за статусот на WBIF портфолиото во земјава.

На состанокот на којшто присуствуваа високи претставници на министерства и институции, се дискутираше за Индикативната листа на проекти во рамки на Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст, како и за проектите кои се во фаза на имплементација, а се финансирани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Министерката Божиновска на состанокот информираше за прогресот на тековните и претстојните активности, нагласувајќи дека реализацијата на Реформската агенда е врвен приоритет на Владата. Министерството, како што истакна министерката Божиновска, ќе продолжи со одговорно и транспарентно спроведување на реформите во тесна соработка со институциите и меѓународните чинители.

Воедно, министерката Божиновска ги презентираше и предизвиците во однос на реализацијата на проектите, посочувајќи и конкретни начини како тие да се надминат.

Во рамките на Мониторинг мисијата ќе се одржат серија состаноци, а предвидена е и посета на терен во врска со проектот за Изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во градот Скопје.

Поврзани вести