Skip to main content

Бислимовски :Не очекувам промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

 Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги  и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски.

Тој појаснува дека од пред година и половина цените за пренос и дистрибуција отсега ќе се определуваат во ноември и декември.

-А кога ќе ги определиме нив ќе мора да ја определиме цената на универзалниот снабдувач имајќи во предвид дека и тогаш ќе се распишува тендер, рече Бислимовски во Топ Тема на ТВ Телма.

Тој говореше и за евентуалната промена на цената на електричната енергија.

-Јас не очекувам дека ќе има промена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, вели Бислимовски. 

Според него факт е дека во последните години ЕСМ започна да увезува јаглен и тоа  влијае на производната цена на ЕСМ

Поврзани вести