
Многу е важно кога зборуваме за 100-те дена на оваа влада да имаме предвид дека таа ја усвои својата програма, буџет и помина низ две гласања за недоверба, кои беа против јасната политичка цел што си ја постави оваа влада, која е формулирана и која ќе се следи до нејзината успешна реализација, изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков на почетокот на редовната владина седница.
Жељазков им рече на министрите дека за нив е важно многу јасно да ги следат визијата и приоритетите што самите си ги поставиле во програмата за управување. Тој ги советуваше администрацијата да биде извршител на нивната политичка визија.
Многу јасно комуницирајте со јавноста кои се приоритетите, која е фазата на исполнување, кој е ресурсот, бидејќи единствено во тој дијалог со јавноста се гради или се урива довербата – рече бугарскиот премиер.
Кога во далечната 1933 година претседателот Рузвелт во обраќање преку радио ја дава дефиницијата за своето владеење и насоката во која ќе се движи, го воведува и правилото за 100-те дена, потсети Жељазков. Според него, оваа терминологија е натоварена и со многу други историски настани, како на пример 100-те дена на Наполеон.
Но, 100 дена е термин во кој не е правило да се биде попустлив, туку да се погледне назад и да се види дали власта успеала да го дефинира својот политички капитал и каква е перцепцијата на јавноста – истакна Жељазков.