Skip to main content

Забележана сина светлост пред да пламне оган: Пожарот во „небодерот“ во Загреб е подметнат?

  Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во небодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе катови и покривната конструкција, поради што во гаснењето е вклучен голем број пожарникари и механизација. „24сата.хр“ објави дека непосредно пред пожарот во објектот се забележала сина светлост.

Причината за пожарот засега не е позната, а гаснењето и санирањето на последиците се очекува да трае цел ден, јавуваат хрватските медиуми. Сомнежите се дека е подметнат.

foto 24sata.hr

Пожарот почна од покривот и брзо се прошири на средниот дел на зградата и долните катови. Новинарот Крешо Воларевиќ од ХРТ јави дека огнот се однесува невообичаено. – На моменти изгледа дека сè е изгаснато, а потоа нагло избувнува, делови од фасадата паѓаат, јави ХРТ.

На терен се стотина пожарникари со 30 возила.