Skip to main content

За Грција проширувањето на ЕУ е инвестиција во безбедноста и стабилноста во регионот

Фото: Freepik

Грција цврсто го поддржува проширување на ЕУ како инвестиција во безбедноста и стабилноста во регионот. Останува на ставот дека тоа е процес што зависи од постигнувањата на секоја земја-кандидат. Станува збор за тежок процес, што бара реформи и усогласувањето со предусловите на пристапниот процес, брифираат грчки владини извори во пресрет на учеството на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на Западен Балкан, според истите извори, позицијата на Грција е дека иднината на регионот е во ЕУ и земјата цврсто ја поддржува европската перспектива, доколку се исполнуваат условите и предусловите, особено добрососедските односи и почитувањето на обврзувачките меѓународни договори.

За учеството на Мицотакис на утрешниот Самит на Европската унија, грчките владини извори брифираат дека се очекува последните случувања во Украина, како и финансиските потреби на земјата за периодот 2026-2027 година, да бидат клучна тема на дискусија, а на агендата ќе се најдат и повеќегодишната финансиска рамка, проширувањето на ЕУ, гео-економијата и конкурентноста.

Поврзани вести