
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека воениот сојуз на Косово, Албанија и Хрватска, освен што е закана за Србија, е опасен и за Црна Гора. Како што истакна Вучиќ, тие би ја распарчиле Црна Гора преку воена интервенција.
Според српскиот претседател, Приштина би го добила Санџак, Тирана територијата до Тузи, а Загреб крајбрежните градови до Улцињ.
Вучиќ додаде дека за такво нешто се очекува вистинскиот момент, а според него, тој момент се чека кога ќе има војна меѓу ЕУ и Русија.

Македонски

