Skip to main content

Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 158 мигранти

Во морскиот дел јужно од малиот грчки остров Гавдос, претпладнево спасени биле вкупно 158 мигранти, кои се пренесувале со три чамци, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека била спроведена спасувачката акција во која биле вклучени патролен брод, чамец за спасување, беспилотно летало (дрон) на силите Фронтекс, како и два брода под странско знаме што пловеле во близина.

Сите 158 спасени лица безбедно биле пренесени на пристаништето на Гавдос.

Поврзани вести